ЕГО-ЛОГИЈА-ПРИМА ФИЛОСОФИЈА, УВЕРТИРА BO ЕДИНСТВЕНАТА ВИЗАНТИСКА ФИЛОСОФИЈА

  • Горан Митевски
Keywords: Дијагноза, Генеза, Его-логија, Прима Философија, Византиска Философија

Abstract

Актуелната теоретска сондажа на философијата, аподиктично тендира кон дијагноза на болест на философијата. Ерго ги активира нашите потенцијали во поход кон болестогените елементи, предизвикувачи на загрижувачката состојба. Генезата на болеста на философијата е запоставувањето на императивно примарната философска максима спознај се себе си, следствено клучниот философски проблем, кој де фацто го продуцира философското центрифугирање од системот на знаењето! Всушност, проблемот е во егоцентрирањето на его-логијата! Его-логијата-прима философија, философијата во основа его-логија, ги урива критериумите кои ја дисквалификуваат Византиската философија како не- философија, го дислегитимира аксиолошкиот аспект на дискфалификацијата на Византиската философија и ја инаугурира во последен бастион на философијата.

References

/
Published
2005-10-01