ОРТОДОКСИЈАТА КАКО СВОЕВИДЕН "ДУХОВЕН ЕТАЛОН" НА МИСЛАТА И ЖИВОТОТ НА СВ. ЈОВАН КАСИЈАН

  • Бранко Горгиев

Abstract

Овој труд претставува обид да се одговори на прашањата во врска со ортодоксноста на аскетско богословското дело на учениот галски монах и презвитер, св. Јован Касијан (360/365 – 430/435). Во таа смисла посредно се отвараат и прашањата врзани за ортодоксијата воопшто: што е православието, како тоа се објаснува, како се дефинира, како се препознава. Оттаму и посредната цел на овој труд беше да ги препознае, отвори и назначи сите поважни моменти, кои релевантно би го насочиле било кое посериозно истражување на несомнено значајното книжевно и животно дело на св. Јован Касијан.

References

/
Published
2007-03-05