ГРАФИКАТА СВ. НАУМ (1743) НА ХРИСТОФОР ЖЕФАРОВИЧ ОД БИТОЛСКАТА МИТРОПОЛИЈА

  • Александар Гулевски

Abstract

Во текстот се говори за новооткриената графика Св. Наум Охридски од 1743 г., дело на Христофор Жефарович, пронајдена во зградата на Преспанско-пелагониската митрополија во Битола. Овде е даден целосен приказ на
сцените претставени на графиката кои се поврзани со култот на св. Наум Охридски и направена е нивна детална иконографска и содржинска анализа.

References

/
Published
2007-03-05